Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат значително зголемување на водостојот на повеќето реки низ земјава во споредба со јануарскиот просек. Најголем пораст е забележан по текот на реката Вардар, особено кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија.

Освен Вардар, зголемено ниво на водата е регистрирано и на следните локации:

  • Река Треска кај Македонски Брод;
  • Река Пчиња кај Катлановска Бања;
  • Река Струмица кај Сушево;
  • Црна Река кај Новаци;
  • Река Сатеска кај Ботун.

За разлика од останатите делови на земјата, минимално намалување на нивото е забележано единствено на реката Брегалница кај Берово. Што се однесува до трите природни езера – Охридското, Преспанското и Дојранското, нивните водостои се движат во рамките на вообичаениот просек за овој период од годината.

Exit mobile version