Европските берзански индекси денеска забележуваат претежно негативни резултати, додека на пазарот на енергенси е регистриран нов бран на поскапување. Цената на нафтата од типот Брент се искачи на повеќе од 110 долари за барел, што претставува зголемување од 1,90 проценти.

Паралелно со овој тренд, берзанските податоци евидентирани во 9 часот наутро покажуваат дека цената на суровата нафта пораснала за 2,32 проценти, со што се тргува за повеќе од 107 долари.

На отворањето на холандската берза Амстердам ТТФ, европските фјучерси за гас со испорака во јуни денеска се продаваа по цена од 47,695 евра за мегават-час.

На валутните пазари, вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс во текот на денешниот ден изнесува 1,16445 долари.

Од друга страна, кај благородните метали и земјоделските производи е забележан пад. Цената на златото се спушти на 4.545,3 долари за унца, додека пченицата на берзите се тргува по цена од 6,5450 долари за бушел.

Exit mobile version