Расте бројот на починати од Ковид-19 во Пекинг
Бројот на починати од Ковид-19 во Пекинг постепено се зголемува по новиот бран на инфекции со коронавирусот откако беа олеснети строгите рестриктивни мерки.Националната здравствена комисија денеска соопшти дека починале уште пет лица, со што бројот на жртви се искачи на 5.242.
Бројот на починати е релативно низок според глобалните стандарди, но укажува на можен пораст откако кинеската влада по протестите ги олесни своите строги анти-ковид мерки кои траеја повеќе од две години и вклучуваа затворање, карантини и задолжително тестирање. Неофицијалните извештаи покажуваат дека има нов бран, а вработените во погребните компании пријавиле дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемува. Бидејќи веќе нема карантин, а луѓето се тестираат и закрепнуваат дома, тамошните власти тврдат дека е невозможно да се утврди точниот број на заразени, што ја отежнува проценката на ситуацијата.
Кина ги повика постарите лица да се вакцинираат, но одзивот сè уште е низок, известуваат тамошните власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа