Расправија со лекари ги натерало трите медицински сестри од инфективна да поднесат оставки
Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ, Дивна Бојчевска се трите медицински сестри кои си дадоа отказ од Клиниката за инфективни и фебрилни болести и за кои од вчера пишуваат сите медиуми. Тие од денеска се на одмор и со барање за отказ. Причините да си заминат од болницата, како што велат за Телма се непочитувањето на профилот медицинска сестра.
„Причината да ја напуштам клиниката по 28 години професионална посветеност се мноубројни, но би навела само една: деградирање и непочитување на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим“, вели за Телма Зорица Љубичиќ, главна сестра на инфективна.
Една од причините за нивното заминување се и кавга со други вработени на клиниката, вели министерот Венко Филипче кој по средбата со нив им ветил и подобар статус. Очекува да се вратат на работа откако ќе ги искористат законските одмори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа