Рашковски ја разбуди креативата на социјалните мрежи: Ова се најсмешните мемиња

Изјавата на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски дека имотната состојба на неговите деца била од мекици, родендени и крштевки ја разбуди креативноста кај корисниците на социјалните мрежи.

Рашковски пред Кривичниот суд уверуваше дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца.

-Децата имаат заштеда која е од нивните родендени а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претходно.Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и подвижните средства сум ги имал и пред да станам Генерален секретар. Сето тоа е само префрлено, ние сме традиционална земја како секој родител. Станот што сум го имал само сум го префрлил,не станува збор за нов имот.Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал, се правда Рашковски.

Погледнете дел од најсмешните мемиња по изјавата на поранешниот ген-сек на Владата:

 

25.01.2022 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега