На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“.
По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.
Актуелно
- Филипче честиташе: 2026 нека донесе нова надеж за промени и јасна европска иднина
- Семејни драми за дочекот: Сопруг со остар предмет нападнал жена во Тетовско, брат претепал брат во Гостивар
- Крвава ноќ на тетовските улици: Пијан тинејџер се судри па тепаше полицајци, двајца млади тешко повредени во излетување
- „Див Запад“ во Гостивар за Нова година: Малолетник од Германија пукал со пиштол во кафеана, газда претепал гостин
- Малата Евгенија Камчева е првото новороденче во Скопје: „Ти си најубавиот почеток на новата година“
- Новогодишен хорор во Швајцарија: Најмалку 40 загинати во експлозија во познат ски-центар, прогласена вонредна состојба
- Безобѕирно возење за Нова година: Еден се заби во канделабра во Велес, друг возеше во спротивен правец во Кочани
- Николоски: Во 2026 влегуваме со засилено темпо и уште повеќе проекти за Македонија

