Рама: Србите се на маса, а Косоварите бегаат, тоа е незамисливо

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Косово влегло во опасен циклус со мешање на надворешната и внатрешната политика.

Тој посочи дека постои „концептуално несогласување“ со премиерот на Привремените институции во Приштина, Албин Курти, околу регионалната политика и иницијативата „Отворен Балкан“, што, како што вели, е стратешки интерес на албанската нација.

Тој за ТВ Клан изјави дека не може да ја прифати идејата дека Косово ја напуштило масата, додека Србија е присутна, пренесува „Газета експрес“.

„ Она што го постигна нашата дипломатија со Белград е дека претседателот на Србија го прифати слободното движење на луѓе како дел од она што ние денес го нарекуваме „Отворен Балкан“. Берлинскиот процес е токму тоа, но тој е многу побавен и зависи од европската бирократија. Она што не го разбирам е дека “Порано имаше борба да се седне на маса. Денес, Србите се на маса, а Косоварите бегаат, тоа е незамисливо”, рече Рама.

Како што додава, за „Отворен Балкан“ не се преговара, се дискутира.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Рама рече дека е многу тешко, но дека атмосферата што го опкружува не треба да биде „атмосфера на барикади“.

Макфакс

03.09.2021 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега