Рама: Нема да има пречки за оние што сакаат да летуваат во Албанија
Албанскиот премиер, Еди Рама, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови или пречки на оние кои годинава сакаат да летуваат во Албанија.
Рама на прес-конференцијата рече дека влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку минатата година и дека на туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, пренесува „Албаниан дејли њуз“.
Резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат, вели Рама.
„Од епидемиолошка гледна точка сме во поволна состојба. Продолжуваме со вакцинација со брзо темпо. Нашата цел е милион вакцинирани“, изјави Рама.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа