Рама до Радев: Не бидете толку Европејци, бидете малку и Балканци

Премиерот на Албанија, Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, што оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“ со порака до претседателот на Бугарија, Румен Радев да не бидат толку Европејци, туку да бидат малку Балканци и да го отворат патот.

-Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку Европејци, бидете малку Балканци. Отворете го патот. Отворете го патот, вели Рама.

-Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што?, рече Рама.

–Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, можете да бидете цело време на патот и да кажете не – блокираме овде, блокираме таму, застануваме тука, застануваме таму. Но, отворете го патот“, истакна Рама.

 

01.09.2021 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега