Британскиот центар за поморска безбедност (UKMTO) попладнево соопшти дека трговски брод бил погоден од ракета во непосредна близина на брегот на Катар. Инцидентот се случил на само четири наутички милји источно од Рас Лафан, еден од најважните светски центри за енергија.

Според првичните информации, бродот бил погоден од „непознат проектил“, но за среќа, сите членови на екипажот се на безбедно и нема повредени. Британската морнарица веќе издаде итно предупредување до сите бродови во регионот да пловат со зголемена претпазливост и веднаш да пријават каква било сомнителна активност.

Овој напад доаѓа во екот на жестокиот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран, кој веќе го доведе поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец до практична блокада.

Exit mobile version