СВР Велес поднесе известување против 17-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 21.08.2025, полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Тој претходно како сопатник на мопед се обидел да им побегне на полициски службеници, кои дале знак за запирање на мопедот.

Exit mobile version