Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш.
Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Актуелно
- Се урна авион во САД – само едно лице преживеа
- Голема полициска акција во Јосифово: Пронајден хашиш под шанк, четворица дилери завршија во притвор
- Гази Баба добива нова спортска сала, Мицкоски утре на поставување камен-темелник
- Возете внимателно: На овој патен правец има магла
- Петрушевски: Пратениците на СДСМ го бојкотираат Филипче, партијата е во длабок конфликт
- Унгарија ја тужи Европската Унија
- Кривична пријава за млад штипјанец: Украл банкарска картичка и подигнал над 30.000 денари
- Србија формира нов државен тим за забрзување на патот кон ЕУ

