Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска попладне и утре ќе биде домаќин на шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Во рамки на посетата, двајцата министри ќе разменат мислења за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за напредокот на Северна Македонија во процесот на европска интеграција, со акцент на можностите за искористување на хрватското искуство од пристапувањето во ЕУ. На агендата ќе се најдат и теми поврзани со соработката во рамки на НАТО, регионалната стабилност и актуелните меѓународни предизвици.

Хрватскиот министер ќе биде пречекан во 16:15 часот пред Министерството за надворешни работи, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, како и билатерални разговори на ниво на делегации. Посетата ќе заврши со заедничка прес-конференција.

Exit mobile version