Радев: Специјалните служби да ги заштитат Бугарите во Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев на средба ги повикал специјалните служби поради наводни напади врз Бугарите во Македонија.

Како што објавуваат дел од бугарските медиумите, тој побарал да се преземат навремени мерки за соодветна заштита на правата на Бугарите во странство кои се нападнати само поради нивната национална самосвест.

Сепак, засега детали за тоа на какви мерки се мисли не се објавени во јавноста.

Како причина за овој состанок било писмото кое тој го доби од т.н. Центар за култура во Битола „Иван Михаилов“, но сигналите на Бугарите во Македонија за чести повреди на нивните права само поради самоопределувањето како етнички Бугари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега