Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета

 

Се огласи и претседателот на Бугарија, Румен Радев по повод неистакнувањето на македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска-Давкова, што предизвика големи реакции во јавностa

Тој кажа дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова.

„Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денеска Румен Радев , кој истакна дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Северна Македонија.

 

16.09.2024 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега