Радев не го дава мандатот пред да слушне какви се позициите на новото мнозинство кон Македонија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, серијата политички консултации денеска ја почна со претставниците на победнилката партија „Промените продолжуваат“, јави дописникот на МИА од Софија.

На почетокот од средбата Радев од копретседателите на новоформираната партија Кирил Петков и Асен Василев, чија коалиција победи на парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември, побара да го слушне нивниот став за Република Македонија.

Тој побара да знае што „Промените продолжуваат “ мислат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, идентитетот, историјата и културата во Република Северна Македонија, бидејќи бугарското општество очекува доследна акција од нивната дипломатија.

Двајцата претставници на „Промените продолжуваат“, не му го соопштија јавно својот став на бугарскиот претседател.

-Довербата на бугарските граѓани не се дава како подарок и таа мора да се одбрани, рече Радев, според кого преодните бугарски влади ја стабилизирале земјата и покажале дека во неа може да има заедничко дејство.

Ефикасното владеење во земјата може да има само доколку се има взаемно почитување, а според Радев, времето на едноличната власта во Бугарија е завршено и надежта за нејзино обновување е категорично отфрлена.

Петков, копретседателот на „промените прродолжуваат, кажа дека е свесен за потребата од функционална влада и парламент, додавајќи дека наскоро ќе можат да ја претстават предлог-владата врз основа на коалиција од четири партии.

Петков не се обврза на конкретен рок за формирање на новата бугарска Влада, но изрази надеж дека таа што поскоро ќе стане реалност. Тој додаде дека „Промените продолжуваат“ го избра принципот на пропорционалност – секоја од партиите во идната коалиција да биде блиску до нивните гласови застапени во неа.

И Петков коментираше дека без разлика дали сте левичар, центар или десничар, на Бугарија и требаат автопати, безбедни брани, добри приходи и да ги врати Бугарите од странство

06.12.2021 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега