Заедничка акција на полицијата, Пазарниот инспекторат, УЈП и Трудовиот инспекторат откри сериозни прекршувања во угостителски објект во Тетово. При контролата спроведена синоќа на улицата „Јован Ончески“, во локалот биле затекнати шест малолетни лица кои биле послужени со алкохол.

За овој случај одговорност ќе сносат двајцата млади управители, И.С. (23) и М.Ј. (22) од Брвеница. Полицијата најави кривична пријава за „точење алкохол на малолетници“, дело казниво според Кривичниот законик. Децата биле предадени на нивните родители, а инспекциските служби констатирале и други неправилности во работењето.

Exit mobile version