Рачна бомба на детско игралиште во Нови Сад – ја пронашле деца додека си играле на песокот

Рачна бомба на детско игралиште во Нови Сад е пронајдена денеска околу 17 часот, пренесуваат српските медиуми.

Бомбата ја пронашле деца кои играле на песок пред влезот на зграда. Според мајката на едно од децата, кога едно од нив, копало дупка со лопата, пронашло тегла со рачна бомба.

Родителите веднаш повикале полиција, која излегла на терен и го пребарала местото, пренесува РТС.

Полицијата потврдила дека се работи за вистинска експлозивна направа, а според мајката на едно од момчињата, и било кажано дека се работи за офанзивна граната.

Од новосадската полиција за РТС потврдиле дека бомбата е земена, и дека на игралиштето во моментов е безбедно.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега