Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент пред судот во Куманово: Непознато лице истурило течност пред објектот и побегнало

    01.03.2026 во 12:55

    (ВИДЕО) Воздушен напад врз облакодер во Дубаи: Техеран наводно тврди дека целта била седиште на ЦИА

    01.03.2026 во 12:45

    (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации

    01.03.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент пред судот во Куманово: Непознато лице истурило течност пред објектот и побегнало
    • (ВИДЕО) Воздушен напад врз облакодер во Дубаи: Техеран наводно тврди дека целта била седиште на ЦИА
    • (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации
    • Вчера и денес беа само загревање: Нетанјаху најавува илјадници напади врз „терористичкиот режим“
    • Петрушевски: СДСМ бега од темата за Груби бидејќи не знаат во какви зделки биле заедно вмешани
    • Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе
    • Приведен велешанец на автопатот Куманово-Велес: Возел пијан и под активна забрана
    • Месечен хороскоп: Март носи големи пресврти за сите знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Работниците одлучија: Сакаме 700 евра минимална плата

    Работниците одлучија: Сакаме 700 евра минимална плата

    14.11.2025 во 17:55Updated:14.11.2025 во 17:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како единствен репрезентативен синдикат во државата, на 11 и 12 ноември 2025 година, спроведе Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија.

    Целта на оваа анкета е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период.

    Со репрезентативен примерок од 1613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часови, Анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати:

    На прашањето Колку треба да изнесува минималната плата, од 1613 одговори 45,2% сметаат дека минималната плата во Македонија треба да се зголеми на 600 евра, 42% од испитаниците сметаат дека истата треба да изнесува над 700 евра, а 12,8% од испитаниците сметаат дека минималната плата во Македонија треба да изнесува 500 евра.

    99,5% од испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) сметаат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година.

    52,8% од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) доколку не се зголеми минималната плата се спремни да протестираат, а 47,2% се спремни да штрајкуваат, односно сите испитаници сметаат дека доколку не се зголеми минималната плата треба и да се протести и да се штрајкува.

    Заклучокот од Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија е дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку потреба на работниците во Македонија, велат од ССМ.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации

    01.03.2026 во 12:24

    Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе

    01.03.2026 во 11:45

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.