Путин: Западот ја користи Украина како топовско месо - со „обоени револуции“ поттикнуваат конфликти

Западните елити со сите средства се обидува да ја задржи својата доминација на светската сцена со што ја зголемуваат опасноста од избувнување судири, а украинскиот народ стана жртва на овие аспирации, предупреди во петокот рускиот претседател Владимир Путин.

„Ги гледаме тешките последици од ваквите дејствија денес во Украина. Со години наназад Западот бесрамно ги црпеше и експлоатираше ресурсите, поттикнуваше геноцид во Донбас, всушност ја направи оваа земја колонија, а сега цинично го користи украинскиот народ како топовско месо, како ‘овен’ против Русија продолжувајќи да ја снабдува Украина со оружје и муниција, испраќајќи платеници, туркајќи ја на самоубиствениот пат“, рече Путин.

Видео-обраќањето на рускиот челник на состанокот на шефовите на одбранбените сектори на земјите членки од Шангајската организација за соработка и Заедницата на независни држави, беше од приемот во Кремљ по повод Денот на хероите на татковината.

Путин притоа директно ги обвини САД дека се залагаат за „агресивно проширување“ на НАТО, со што всушност ја уништиле архитектурата на стратешка стабилноста создавана со децении.

За спречување на алтернативните модели на развој, продолжи рускиот челник, Западот воведува незаконски санкции, користи технологии на ткн „обоени револуции“ и поттикнува воени конфликти.

„Природата и обемот на современите закани поставуваат зголемени барања за нашата соработка во сферата на одбраната. Неопходно е заеднички да се работи на формирањето пофлексибилен и поодржлив систем за безбедност и соработка, соодветен на актуелните предизвици, а таа може да почива не на некои митски непишани правила кои никој не ги видел, не на нечија доминација и монопол, туку само врз основа на меѓународните право и уважување на туѓите интереси“, истакна Путин.

Ја истакна важноста од постојаната размена на информации и градењето воено-техничка соработка во рамките на двете споменати организации, како и на „исклучителната важност“ на заедничките мировни операции.

„Потенцијалот за избувнување судири во светот расте како директна последица од настојувањето на западните елити со сите возможни средства да ја одржат својата политичка, финансиски, воена и идеолошка доминација. Тие свесно го шират хаосот и ја отежнуваат меѓународната ситуација“, истакна Путин.

09.12.2022 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега