Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати нова закана во врска со Донбас, изјавувајќи дека Русија ќе го преземе целиот регион со сила доколку украинските сили не се повлечат.

„Или ќе ја заземеме територијата со оружје, или украинската армија ќе се повлече,“ изјави Путин во интервју за индиската телевизија „Индија тудеј“.

Официјален Киев веднаш возврати дека Украина нема намера да ѝ отстапи ниту дел од својата територија. Претседателот Володимир Зеленски истакна дека Москва не смее да биде наградена за војната што сама ја започна.

Русија во моментов контролира околу 19 проценти од украинската територија, меѓу кои и значителни делови од Донбас. Во тековните дипломатски контакти со САД, Москва повтори дека бара целосна контрола врз двата региони – Доњецк и Луганск – како услов за завршување на конфликтот.

Путин во последните денови имал разговори и со соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, при што изјавил дека Русија прифатила дел од американските предлози и дека преговорите продолжуваат.

Exit mobile version