Ако украинските сили не се повлечат доброволно од териториите што ги држат, Русија ќе ја постигне таа цел со воени средства, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Иако оцени дека нацрт-планот за мир што го дискутираат САД и Украина може да биде основа за идни договори, Путин беше дециден дека борбите нема да престанат додека не се исполнат руските услови. Тој додаде дека руските сили напредуваат со забрзано темпо.
Путин исто така истакна дека украинското раководство го смета за нелегитимно и правно неспособно да потпише договор, поради што инсистира меѓународната заедница да го признае секој договор, вклучително и руските територијални придобивки.
„На Русија сè уште ѝ се вели да престане да се бори. Украинските сили мора да се повлечат од територијата што ја држат и тогаш борбите ќе престанат. Ако не заминат, тогаш ќе го постигнеме тоа со воени средства. Тоа е тоа“, рече Путин.

