Путин самиот ќе каже дали и кога ќе прими вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков.

Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци беше во јуни и јули. Првата серија на вакцината за комерцијална употреба беше пуштена минатата недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега