Путин: Руската флота е способна да открие каква било цел и да и нанесе смртоносен удар, доколку е потребно

Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург денеска изјави дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел“.

Главната парада се одржува по повод 325-годишнината од формирањето на руската флота.

– Денес, руската флота има се што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални интереси. Ние сме способни да откриеме каква било непријателска цел под вода, на површината или во воздухот и да нанесеме смртоносен удар, доколку е потребно – рече Путин.

Според него, Русија го зазеде своето место меѓу „најголемите поморски сили на светот“ со развивање „поморска авијација со краток и долг дострел, крајбрежни одбранбени системи и хиперсонично прецизно оружје на новата генерација која е неспоредлива во светот и продолжува успешно да се доработува и подобрува“.

На петтата парада учествуваат 54 бродови, 48 авиони и повеќе од 4.000 војници.

Во Санкт Петербург вечер во 20 часот ќе се одржи свечен артилериски почесен оган, но поради епидемиолошките мерки нема да има публика.

Русија на почетокот на неделава објави дека успешно тестирала нов систем за противвоздушна одбрана С-500 и крстосувачка ракета хиперсоничен Циркон од новата генерација на оружје, за кои претседателот Путин вели дека не постојат такви во светот.Русија планира да ги опреми своите подморници и воени бродови со ракетниот систем Циркон.

25.07.2021 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа