Путин: Русија ќе употреби нуклеарно оружје
Во интервју за државните медиуми, Путин, кој започна сеопфатна инвазија на Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори на 15-17 март, рече дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.
„Од воено-техничка гледна точка, се разбира, ние сме подготвени“, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“ и за новинската агенција РИА, на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.
„(Во САД) има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање. Затоа, не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвен за тоа“, рече Путин.
Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е наведено во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги утврдува околностите под кои Русија би можела да го користи своето оружје.
„Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа