Путин: Подготвени сме да им дадеме оружје на сојузниците

 

Русија е подготвена да им даде воена опрема на сојузниците во Латинска Америка, Азија и Африка, а Москва е отворена за обука на странски војници, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на воената церемонија „Армија 2022“, пренесува Си-Ен-Ен.

– Русија искрено негува историски силни, пријателски, навистина искрени врски со земјите од Латинска Америка, Азија и Африка. Подготвени сме да им го понудиме на нашите сојузници нашето најмодерно оружје – од мало оружје до оклопни возила и артилерија, борбена авијација, беспилотни летала – рече Путин.

Тој изјави дека Русија високо го цени фактот што има „многу сојузници, партнери, истомисленици на различни континенти“.

Путин, исто така, ги истакна предностите од обуката на странски војници во Русија и ги покани сојузниците да учествуваат во заеднички воени вежби.

– Гледаме многу можности во обуката на странски војници. Илјадници воени професионалци од целиот свет се горди алумни на нашите воени универзитети и академии – рече Путин,пренесе Денес.рс.

15.08.2022 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега