Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин му се јави на Трамп: Честит Ден на независноста

    Путин му се јави на Трамп: Честит Ден на независноста

    05.07.2026 во 10:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин остварил телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД. Од Кремљ соопштија дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина, а овој значаен разговор доаѓа непосредно пред одржувањето на Самитот на НАТО во Анкара.

    Разговорот кој траел еден час и 25 минути, според руските медиуми, бил фокусиран на можностите за прекин на воените дејствија, особено во пресрет на претстојните сојузнички средби во Турција.

    „Претседателите природно го допреа прашањето за решавање на конфликтот во Украина, земајќи го предвид претстојното учество на Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција на 7 и 8 јули“, изјави дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков.

    Според неговите зборови, американскиот претседател уште еднаш ја потврдил својата подготвеност да работи на брзо завршување на борбите и наоѓање решение за надминување на кризата. Воедно, советникот Ушаков додаде дека и Русија се стреми кон „политичко-дипломатско решение на конфликтот“.

    Освен за украинската криза, Путин и Трамп во долгиот телефонски разговор размениле мислења и за други горливи меѓународни теми, ставајќи посебен акцент на актуелната ситуација околу Иран и случувањата на Блискиот Исток.

    Прочитај повеќе

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.