Путин: Можеби повторно ќе се повлечеме од договорот за украинското жито

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија го задржува правото повторно да се повлече од меѓународниот договор за извоз на украинско жито преку Црното Море, на кој се врати денеска откако се повлече, како што тврди Москва, поради нападите со беспилотни летала врз Црноморската флота, во близина на Крим.

„ Побаравме гаранции од украинската страна дека никогаш повеќе нема да се случи нешто како нападот на Крим и дека хуманитарните коридори нема да се користат за воени цели, изјави Путин на состанокот на рускиот Совет за безбедност.

„ Од турската страна преку Министерството за одбрана пристигнаа информации дека Украина дала гаранции дека хуманитарните коридори нема да се користат за воени цели. Затоа издадов наредба до Министерството за одбрана да продолжи со учеството на Русија во договорот“, рече Путин.

„ Во исто време, Русија го задржува правото да се повлече од договорот доколку Украина ги прекрши гаранциите“, додаде рускиот претседател.

02.11.2022 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега