Фотографија истакната на ѕид во Белата куќа го привлече вниманието на новинарите, откако на неа заедно се прикажани поранешниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Веднаш до неа е поставена уште една фотографија на која Трамп позира со едно од своите внучиња.

Фотографијата со Путин, поставена во централниот коридор што ги поврзува Западното крило и резиденцијалниот дел на Белата куќа, ја забележала и снимила дописничката на Пи-Би-Ес од Вашингтон, Елизабет Ландерс. Таа објави видео на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека досега немала видено ваков експонат на тој ѕид.

Станува збор за фотографија од самитот во Алјаска, одржан минатиот август, на кој Трамп и Путин разговараа во рамки на првата средба меѓу американски претседател и руски лидер по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Неколку дена по самитот, Трамп ја покажа истата фотографија и пред новинарите во Овалната соба.

„Ми ја испратија и мислев дека ќе сакате да ја видите“, им изјави тогаш Трамп на новинарите, опишувајќи ја фотографијата како убава и истакнувајќи дека нејзиното испраќање го доживеал како знак на меѓусебно почитување. Притоа нагласи дека почитта не значи и согласност по сите прашања.

Според проценките на „Њујорк тајмс“, од почетокот на војната во Украина бројот на убиени и ранети, вклучувајќи војници и цивили, достигнал околу два милиони луѓе.

Exit mobile version