Путин испрати ракети кон границата со Финска: „Искендер“ има домет до 480 км (ВИДЕО)

 

Финскиот претседател Саули Нинисто потврди дека неговата држава ќе поднесе барање за влез во НАТО, а рускиот лидер Владимир Путин предупреди дека ќе одговори ако се случии такво нешто.

Британските медиуми објавија снимки од тоа како ракети „Искендер“ се движат кон границата со Финска, кон градот Виборг кој е оддалечен на 217 км од Хелсинки.

„Дејли Мејл“ објави дека ракетите имаат широк спектар на улоги, а меѓу останатото може да бидат со нуклеарно полнење за кое се смета дека е околу четири пати посилно од бомбата која ја уништи Хирошима.

Ракетите имаат домет од 480 км и најчесто се носат на мобилни возила за лансирање.

16.05.2022 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега