Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко нема да присуствуваат на првиот состанок на „Одборот за мир“, новата меѓународна организација основана од американскиот претседател Доналд Трамп. Настанот, кој треба да се одржи на 19 февруари во Белата куќа, ќе помине без двајцата лидери поради „згуснат распоредот“ и „логистички пречки“.
Дмитриј Песков изјави дека Путин во моментов нема планирано патување во САД, додека од Кабинетот на Лукашенко се пожалија дека поканата стигнала предоцна, потенцирајќи ги и проблемите со санкциите кои го отежнуваат патувањето на претседателот.
И покрај отсуството, Москва покажува интерес за проектот:
„Путин неодамна најави дека Русија е подготвена да донира една милијарда долари од замрзнатите руски средства на Западот во фондот на Одборот за мир, со цел да го задржи членството во организацијата.“
Белорусија на состанокот ќе ја претставува министерот за надворешни работи Максим Риженков, додека Сергеј Лавров истакна дека многу земји во светот сè уште се „претпазливи“ кон оваа иницијатива.


