Пукна брана во Русија, прогласена вонредна состојба – има мртви, повредени и исчезнати
Најмалку едно лице загина утринава кога привремена брана пукна на беломорско-балтичкиот канал во Карелија во северозападна Русија, соопшти регионалниот јавен комитет за активност и безбедност на населението повикувајќи се на прелиминарни информации.
Уништени се 13 куќи, едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица, меѓу кои и три деца, се спасени“, се наведува во соопштението.
Четири лица се водат за исчезнати. На почетокот се пишуваше за шест исчезнати лица, но двајца се пронајдени. Службите за итни случаи на терен обезбедуваат помош за ранливото население.
Инаку, привремената брана е поставена поради работи на реконструкција на каналот. Денешното пукање на браната е втор ваков инцидент во Русија во последните неколку дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа