На улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга ноќеска било пријавено пукање со огнено оружје, соопштија од СВР Охрид.
Според пријавата, утрово околу 6:50 часот граѓанинот Д.М. од Струга информирал дека околу 3 часот по полноќ слушнал неколку истрели од огнено оружје.
Од СВР Охрид соопштуваат дека се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот, а според првичните информации, пукањето се случило во зграда и нема повредени лица.

