Синоќа околу 3 часот наутро дошло до пукање во Белград, во кое е ранет 41-годишен маж, пренесува „Telegraf.rs“. Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон жртвата, по што веднаш побегнал од местото на злосторството.

Ранетиот маж со возило на Итната помош е итно префрлен во болница. Благодарение на брзата медицинска интервенција, неговата здравствена состојба е стабилизирана и во моментов се наоѓа надвор од животна опасност.

Според првичните искази на очевидци, напаѓачот бил маскиран и облечен во темна облека, што упатува на сомнежи дека нападот бил однапред испланиран. Припадниците на Министерството за внатрешни работи го блокираа поширокиот дел од градот и започнаа обемна потрага по осомничениот. Форензичките тимови и инспекторите извршија увид на теренот, собираат материјални докази и ги прегледуваат снимките од околните камери за надзор со цел целосно расветлување на случајот и откривање на мотивот.

Exit mobile version