На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп.
При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото.
По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени и при извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети.
Додека, од Б.Н. биле одземени пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9мм без соодветна документација и останати предмети. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- Семејна драма: Синот си го натепал сопствениот татко – интервенирала полицијата
- Филипче: Безобразно – немале пари за плати, а за авион имаат
- Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион
- (ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски на местото на заплената на 40-те тони марихуана
- Хороскопот открива: Што навистина сакаат знаците за подарок – од луксуз за Лавот до егзотика за Стрелецот
- Кавадарчанец пријавил пукање во неговиот дом: Пронајдени дијаболи на терасата и оштетен ѕид
- Шокантно вештачење за „Онкологија“: Хемотерапија пред смрт им го скратувала животот на пациентите
- Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините


