Денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје донесе фрапантни заклучоци од словенечкото медицинско вештачење за случајот „Онкологија“. Вештото лице Маја Равник од Марибор, по анализа на 51 медицинско досие, укажа на систематско кршење на сите медицински протоколи на Клиниката.

Лекот „Оксалиплатин“ се давал како монотерапија, иако тој нема дејство ако не е во комбинација со други цитостатици. Равник оцени дека ваквата терапија е дадена само „про форма“.

Кај пациенти во терминална фаза, наместо палијативна нега, се аплицирала агресивна хемотерапија која директно водела кон побрз фатален исход.

Пациенти истовремено примале имунотерапија за стимулација на имунитетот и кортикостероиди (поради ковид) кои го инхибираат имунитетот, со што ефектот од скапата терапија бил поништен.

Пропишувани се лекови индицирани за еден тип карцином кај пациенти со сосем поинаква дијагноза.

„Параплегијата кај одредени пациенти можела да се спречи, но на пациентите им било одземено правото на соодветно лекување“, заклучи словенечкиот вештак.

Exit mobile version