Вчера во 18:58 часот во СВР Битола, М.В.(46) од Битола пријавил дека на ул.„Пожаревачка” во Битола, задното стакло од неговото патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки било оштетено од огнено оружје.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.


