Првпат скенирани две мумии: Снимките покажа дека во нив нема човечки останки, туку нешто сосема неочекувано (ВИДЕО)

Двете минијатурни мумии, кои беа откриени во Египет, за прв пат се прикажани со скенер за КТ, а снимките покажа дека во нив нема човечки остатоци, како што очекуваа археолозите.

Две мумии долги 45 сантиметри, во облик на човечко тело, со децении сместени во музеј во Хаифа досега не биле детално проучувани, затоа што се верувало дека го содржат срцето на починатиот во чиј саркофаг биле пронајдени.

Бидејќи за прв пат биле снимени со КТ-скенирање, откриено е дека во нив нема човечки остатоци. Во едната беше мешавина од жито и кал, а во другата мумифицирана птица, најверојатно, сокол.

„Птицата нема лева нога, но никој не знае зошто“, рече д-р Марсија Ксавит, која ги снимаше мумиите.

Досега е познато дека мумиите се стари повеќе од 2.000 години, вели Рон Хибел од музејот во Хаифа, каде се чуваат.

Студијата за мумии започна сосема случајно, затоа што во музејот, за време на класификацијата на она што го имаат, откриле дека не знаат ништо за нив.

Во белешките стои дека содржат остатоци од мумифицираното срце, но за експертите тоа не беше логично, затоа што срцето обично се оставаше во внатрешноста на телото што е мумифицирано, затоа што според верувањето на античките Египќани срцето има пресудна улога во тоа дали некој станува вечен живот.

Мумијата исполнета со кал и зрна жито е направена во форма на Озирис, бог кој симболизирал вечен живот, живот по смртта, но и вегетација. За време на фестивалот посветен на него, објаснуваат експертите, таквата мешавина од кал и зрна се потопува во вода, по што зрното ќе почне да ‘ртат, што беше симбол на улогата на Озирис како бог на животот.

Втората мумија, која содржи остатоци од птица, е во форма на богот Хорус. Овој бог, според египетската митологија, има глава на сокол и тој е син на Озирис и божицата Изида.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега