Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Првите 100 дена на Герасимовски: Градежна офанзива во Центар, реконструкција на улици и подготовки за Дом за стари лица

    Првите 100 дена на Герасимовски: Градежна офанзива во Центар, реконструкција на улици и подготовки за Дом за стари лица

    24.02.2026 во 21:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во Тема на денот на ТВ Сител посочи дека првите 100 дена од неговиот мандат започнале со конкретни инфраструктурни зафати и реализација на ветените проекти.

    Меѓу првите активности е реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од Министерството за култура до булеварот „Партизански одреди“, во населбата Дебар Маало. Проектот се реализира во соработка со Светската банка и претставува значаен инфраструктурен зафат за овој дел од Центар.

    „Годината ја започнуваме со конкретни градежни активности. Ова е важна улица за жителите на Дебар Маало и за сите граѓани кои секојдневно ја користат. Реконструкцијата ќе се одвива етапно и ќе опфати целосна обнова на коловозот и инфраструктурата“, изјави Герасимовски.

    Тој најави дека наскоро ќе започне и реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“, кој ќе биде продолжение на веќе реконструираниот прв дел, со што целосно ќе се заокружи обновата на оваа значајна сообраќајница во Центар.

    Меѓу клучните капитални проекти што следуваат се изградба на нова граѓанско-административна зграда, нова градинка и нов дом за пензионери. Во текот на денешниот ден, како што информираше градоначалникот, Општината добила позитивно мислење од Министерството за здравство, кое се согласило да ѝ ја додели парцелата на Општината на која е предвидена изградба на домот за стари лица.

    „Ова не се само предизборни ветувања. Имавме состаноци со Владата и со Министерството за здравство и добивме зелено светло да продолжи постапката за доделување на земјиштето. Јас сум човек што сака да ги заврши сите процедури, па потоа да изработува идејни решенија, не како нашите претходници, кои креираа проекти без реална основа“, истакна Герасимовски.

    Тој изрази уверување дека реализацијата на домот за стари лица ќе започне во текот на следната година.

    Покрај инфраструктурните зафати, Општина Центар продолжува и со реализација на ветените програмски мерки како што се Центарска картичка, бесплатен здрав оброк за учениците, екскурзии за запознавање на татковината и други проекти креирани во соработка со граѓаните.

    Со конкретни чекори уште во првите 100 дена, Општина Центар отвора нова фаза во развојот, со јасен фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.