Првата дама на Франција е во самоизолација

Брижит Макрон, првата дама на Франција, ќе биде во самоизолација една недела по контакт со лице заразено со коронавирус, соопшти денеска канцеларијата на францускиот претседател.

Брижит Макрон беше во контакт во четвртокот, на 15 октомври, со лице кое е позитивно на ковид-19 и покажа симптоми на болеста во понеделник“, се вели во соопштението на Елисејската палата.

“Во согласност со препораките на здравствените власти, таа ќе биде во самоизолација седум дена. Во овој момент, нема симптоми на болеста”, се додава.

Франција од почетокот на пандемијата регистрирала околу 900.000 случаи на инфекција со коронавирус, со 33.400 жртви, а околу 11.000 лица во моментов се хоспитализирани, се наведува на веб-страницата на француската влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега