Прва седница на Владата со новоизбраните министри

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи првата седница, во состав со новоизбраните министри.
Како што информираа од владината прес-служба, седницата е со почеток во 12:00 часот, а за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.

Собранието синоќа ги избра четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

28.02.2023 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега