Прва седница на Советот за млади: „Битката за најумните и најобразовaните ќе ја водиме овде“

Се одржа првата конститутивна седница на Советот за млади.
„Овој Совет отвора уште една порта за младите, како можност да се чујат нивните мислења, да критикуваат и советуваат.
Советот има човечки и творечки потенцијал да придонесе во креирање на младинските политики преку своите активности, идеи и предлози“, стои во објавата на претседателката на социјалната мрежа Фејсбук.
„Битката за најумните и најобразовaните ќе ја водиме овде. Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите“, се додава во објавата.
18.11.2024 - 17:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа