Прв смртен случај откако Аја Софија е претворена во Џамија: Муезин почина од срцев удар за време на молитва

Муезинот Осман Аслан почина од срцев удар во Аја Софија, која неодамна беше претворена во џамија, соопшти градската управа.

„Искажуваме сочувство на семејството и роднините на муезинот Осман Аслан, кој почина поради срцев удар, кој го доживеал денес додека извршувал волонтерски должности на водич во џамијата Аја Софија“, се вели во соопштението.

Црквата Света Софија е изградена во 537 година и се претвори во џамија во 1453 година, веднаш откако трупите на султанот Мехмед Освојувачот го уништија, заробија и ограбија Цариград, денешен Истанбул.

Пет века подоцна, во 1935 година, за време на проевропската реформа на Турција предводена од Ататурк, таа беше претворена во музеј.

Осумдесет и шест години подоцна, статусот на Аја Софија беше променет уште еднаш – повторно стана џамија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега