Прв прекин на огнот од почетокот на руската агресија, Мариупол се евакуира, светот загрижен за нуклеарната безбедност
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше НАТО дека не воведува зона на забранети летови над Украина. Зеленски го обвини НАТО дека „дава зелено светло за натамошно бомбардирање на украинските градови и села“.
Американскиот амбасадор во ОН тврди дека руските сили се на околу 30 километри од втората по големина нуклеарна централа Јужнокраинск.
Русија за само неколку часа ги затвори Твитер, Фејсбук и Јутјуб на своја територија, а се’ повеќе големи светски компании ги затвораат своите бизниси во Русија и ги прекинуваат сите деловни односи со таа земја.
Клучни настани:
- Русија најави прекин на огнот во Мариупол за цивилите да го напуштат градот
- Викендов трета рунда разговори меѓу Русија и Украина
- Руската војска се приближува до втората по големина нуклеарна централа во Украина, изјави американскиот амбасадор
- Зеленски остро го осуди НАТО затоа што не воведе зона на забранети летови над Украина
- Шефот на американската дипломатија вели дека ваквата одлука може да доведе до целосна војна во Европа. НАТО не ја разгледува таа опција.
- Путин вели дека е подготвен за разговори за ставање крај на инвазијата, но само доколку се исполнат сите негови барања
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа