Прстените на Сатурн ќе исчезнат во 2025 година

 

Времето истекува за да фрлите последен поглед на прстените на Сатурн. Остануваат само 18 месеци пред да исчезнат од погледот, пишува британски „Дејли мејл“.

НАСА потврди дека прстените ќе бидат видливи до 2025 година кога Сатурн ќе се наведне кон Земјата и ќе ги претвори огромните прстени во речиси невидлива линија.

Прстените на Сатурн се огромни структури, кои се протегаат до 43.500 до 87.000 милји (70.000 до 140.000 км) на места.

Научниците велат дека иако се големи, тие се тенки и тоа прави да исчезнат кога се гледаат странично.

Прстените не ги снемува засекогаш, тие ќе се наклонат назад кон Земјата за време на следната фаза од 29-годишната орбита на Сатурн.

06.11.2023 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега