Провокативна порака од Приштина: Карта на „Голема албанија“ на натпревар

Реванш натпреварот од првото коло од квалификациите за Конференциската лига меѓу екипите Лапи од Подујево и Будуќност од Подгорица го одбележале провокациите на навивачите на домашната екипа, пренесува „Вијести“.

На трибините на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина било истакнато знамето на поделена Црна Гора, со дел од територијата припоена кон „Голема Албанија“, со порака: „Вие сте следни“.

„Вијести“ јавува дека на трибините биле забележани и бројни знамиња со симболите на Ослободителната војска на Косово.

Како што пишува подгоричкиот весник, ова е одговор на провокациите на навивачите на Будуќност, кои пред седум дена на стадионот „Под Горица“ истакнаа транспарент „Одам низ земја Србија“.

Косовската полиција попладнево спречи обид на границата на поголема група навивачи на Будуќности да дојдат во Приштина.

Двата натпревари на овие два клуба завршија нерешено, но фудбалерите на Будуќност се пласираа во следната квалификациска рунда по подобро изведување на пенали на вечерашниот реванш.

14.07.2022 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега