Провокација од газдата на Славија Софија: Македонија е - југозападна Бугарија

Контроверзниот претседател на Славија Софија, Венцислав Стефанов повторно провоцира по мечот меѓу Македонија и Бугарија (1-1).

Стефанов кажа дека има потекло од Битола, а Македонија за него е бугарска провиција, односно југозападна Бугарија.

„Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец, туку Бугарин. Тоа што треба да го знаат сите патриоти е дека Македонија е само југозападна Бугарија. Мислам дека на мечот со нив нè оштети судијата и ни ја украде победата“, кажа Стефанов.

03.06.2022 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега