Провевот го уништува коронавирусот - германските научници откриле како училиштата да се борат против пандемијата

Краткото отворање на сите прозори во училниците неколку пати дневно е поделотворно од користење на прочистувачи на воздух, покажува истражување на германски научници.

Двајца професори од Технолошкиот универзитет Мителхесен (ТХМ) го анализирале влијанието на прочистувачите и проветрувањето на аеросалите, кои претходно со помош на вентилатори биле распоредени по училниците.

-Основниот заклучок е дека отворањето на сите прозори за три минути при надворешна температура од 7 до 11 степени Целзиусови ја намалува концентрацијата на аеросоли за дури 99,8 отсто - се наведува во соопштението на ТХМ.

Со примена на 4 преносливи уреди за прочистување на воздухот, во просториите после 30 минути измерена е дури 90 отсто помала концентрација на аеросоли. Научниците освен тоа, укажуваат на бука при користење на таквите уреди како и на високи трошоци за набавка.

Германската сојузна управа за заштита на околината во повеќе наврати предупредувала дека не се претерува со употреба на преносливи прочистувачи на воздухот и дека нивното користење во училниците не може да се замени со проветрувањето, затоа што не обезбедуваат доволен доток на воздух од надвор.

Во некои случаи прочистувачите на воздухот може да бидат користени како замена, имено, таму каде што прозорите не можат да се отворат до крај не е доволно ефикасно. Освен тоа, прочистувачите ги отстрануваат валканиците од воздухот во просториите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега