Протест на семејствата на Беља и Демири – се бара преквалификација на делото за убиството на Саздовски

Мирно заврши протестот организиран од роднините на осудените за случајот „Саздовски”. Роднините со разни пароли и вртени со грб кон комплексот  судови побараа преквалификација на кривичното дело  од “свирепо убиство” во “насилство со смртни последици”.

– Осудените не сакаа да му го одземат животот. Тие никогаш не мислеле за убиство и уште помалку за свирепо убиство. Има разни докази, но јасно е дека не сакаат да ги земат предвид. Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека беше собраќајка со смртни последици, изјави Бесар Беља, брат на осудениот Бесир Беља.

Тој додаде дека оваа одлука нема да ја прифатат.

Барањето за превкафиликација на кривичното дело демонстрантите му ја упатија на Врховен суд на РСМ.

Изминатиот период Апелацискиот суд Скопје, ја објави одлуката за случајот ,,Саздо”, со кој на обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, се намали казната затвор од 19 на 16 години затвор (поединечно).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега