Протекоа детали: По гласините дека Дарко Лазиќ сакал да се самоубие, се огласи Барбара

Кога како бомба одекна веста дека Дарко Лазиќ е приведен поради низа сообраќајни прекршоци, беше откриено и дека тој веќе не е заедно со неговата вереница Барбара Бобак.

И двајцата неколку пати проговорија за тоа и открија некои од клучните причини за разделбата, но некои ноќта кога Дарко „дивееше“ пијан зад воланот, ја поврзуваат со пропаѓањето на љубовта.

Колешката на Дарко, Душица Грабовиќ, таа вечер ја поминала на забава со боксерот Марко Николиќ во друштво на Дарко и инсинуирала дека таа вечер, кога бил уапсен, пејачот бил зад воланот, со намера да се самоубие.

-Тој намерно си го ризикувал животот бидејќи немал каде да спие таа ноќ. Рече дека се скарал со Барбара и дека не сака да си оди дома… – изјавила Душица, а Барбара остро ги отфрли овие наводи.

-Дарко премногу си го сака животот за да се повреди. Никогаш не би се обидел да се самоубие. Го сака животот и ужива во него, можеби понекогаш претерува, но тоа е тој. Тој како дете се радува на се и никогаш не бил во депресија. И кога му беше најтешко не ја изгуби волјата за живот, изјави Барбара за медиумите.

06.05.2022 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега